Грозданов: Само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во „Тема на денот“ на телевизија Сител. Грозданов посочи дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани. Грозданов искрено им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката, потенцирајќи дека резултатот не го воздигнува, туку го охрабрува да работи уште посилно, посвесно и почесно. Тој порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите.

„Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред се со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите покажаа дека се достојни и чесни и секако со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината“, вели Грозданов.

Грозданов им се заблагодари на сограѓаните за поддршката, истакнувајќи дека таа го охрабрува уште посилно и поодговорно да работи. Тој порача дека само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани.