Митески: Со топлификациона мрежа ќе го решиме загадувањето на воздухот во Аеродром

Изјава на кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески:

„Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно Лисиче, Горно Лисиче и населба Лисиче.

Решаваме еден децениски проблем, проблем којшто не значи само затоплување на домаќинствата, туку и намалување на загадувањето на воздухот во зимскиот период.

Градиме инфраструктура согласно потребите на граѓаните.“