Четири лица загинаа откако се урна зграда во реновирање во центарот на Мадрид, објави државниот радиодифузер RTVE рано утринава, повикувајќи се на службите за итни случаи кои велат дека сите тела се пронајдени, пренесе ДПА.
-Две тела беа пронајдени во урнатините доцна синоќа, речиси 10 часа по несреќата, изјави градоначалникот на градот, Хозе Мартинез Алмеида. Уште две беа пронајдени и извлечени кратко пред 3 часот утринава, објави RTVE.
Четири лица првично беа пријавени како исчезнати, вклучувајќи тројца мажи и една жена. Властите соопштија дека жената била водечки архитект на проектот.
Властите соопштија, дека при уривањето на објектот тројца работници се повредени, од кои двајца полесно и еден има скршена нога.








