Ѓорѓиевски: Имаме решенија за депонијата „Дрисла“

Кандидатот за градиначалним на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека учествувал на панел-дискусија посветена на решенијата за „Дрисла“ и другите депонии.

На лошото управување со отпад му доаѓа крај, затоа што нема да дозволиме повеќе половични решенија и институционална негрижа, наведе во објавата.

-Во мојата програма имаме јасен и одржлив план за „Дрисла“, рече Ѓорѓиевски.