„Локалниот развој е двигател на државниот напредок“ – Иван Гоцевски

Фејсбук статус на Иван Гоцевски, победник на локалните избори во Делчево и иден градоначалник на Делчево:

Во рамките на активностите за проведување на Националната развојна стратегија 2024–2044, денеска бев гостин на состанок на Работниот комитет на тема „Одржлив локален и регионален развој кој обезбедува кохезија“.

Овој настан е клучен за развојот и спроведувањето на политиките и мерките за одржлив локален и регионален развој.
Преку Работниот комитет на Националната развојна стратегија во иднина ќе се обезбедат еднакви шанси за напредок на секој регион и секоја општина, вклучително и на Општина Делчево.

Силните општини и развиените региони се темел на севкупниот национален напредок.